Ве интересира како би изгледале со 10 кг помалку или повеќе? – Еве како може да проверите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Некои сака да добие тежина, некои да ослабе, а малкумина мислат дека имаат идеална тежина – сонувањето за тоа како би изгледале со различна тежина е нешто што понекогаш го правиме сите, па затоа постои апликација преку која сега тоа може да го дознаеме.

Апликацијата Model My Diet ви помага да дознаете како би изгледале доколку би се здебелиле или ослабеле. Треба само да ги пополните вашите податоци – од висина до моментална и посакувана тежина.

За висина потребно е да се пополни метричкиот систем, обликот на телото – каде се нудат како опции: круша (посилни колкови и нозе, потенки горни делови), јаболко (посилни гради и стомак и потенки колкови и нозе) и фигура на песочен часовник (пропорционална градба со истакнат струк), големина на градите (помала до средна или поголема).

Со кликнување на „More options“, можете да го изберете тонот на кожата, возраста, обликот на очите, ширината на носот, дебелината на усните, фризурата и бојата за да го направите моделот да изгледа што е можно повеќе на вас.

Можете исто така да ги прилагодите позадината и облеката за моделот.

Овој модел покажува жена со фигура на песочен часовник, висока 170cm во две верзии – со 60 и 80 килограми.

Вториот модел покажува жена со фигура како јаболко, висока 170 cm. во две резии – со 60 и 80 килограми.

Третиот модел покажува жена со фигура како круша, висока 170 cm. во две резии – со 60 и 80 килограми.