Вечерва од 20 часот: Хрватска – Аргентина ќе се борат за финале на Светското првенство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Репрезентацијата на Хрватска од 20 часот го игра полуфиналниот натпревар на Светското првенство во Катар.

Ривал на актуелните вицешампиони на светот ќе им биде репрезентацијата на Аргентина предводена од Лионел Меси.

Натпреварот ќе се игра на стадионот Лусаил, а победникот ќе го добие финалето во кое противник ќе му биде подобриот од утрешната пресметка меѓу Франција и Мароко.

Следете ги на ТВ21 сите најважни работи поврзани со Светското првенство.