Вечерва со натпреварот Италија – Турција кој се игра на „Олимпико“ во Рим, започнува Европското првенство во фудбал, на кое за прв пат учествува и македонската репрезентација.
Италија важи за фаворит од овој натпревар, и е еден од фаворитите за освојување на пехарот. Италијанците немаат пораз 26 натпревари, и играат одлично под водство на Манчини.
Од утре почнува програмата со три натпревари.
Македонија игра во недела од 18 часот против Австрија. Македонската селекција веќе е во Букурешт каде се подготвува за овој натпревар, а потоа игра со Украина на 17-ти јуни, и со Холандија во Амстердам на 21-ви јуни.
