Array

Вељаноски не се појави на вечерашната седница – Џафери рече бил оправдано отсутен

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски вечерва не се појави на закажаната седницата на која треба да се одлучува по неговиот притвор кој го бара судот во рамки на случајот „27 април“.

Џафери на почетокот од седницата името на актуелниот пратеник Вељаноски го прочита како оправдано отсутен, но засега не е позната причината за неговото отсуство. Вељаноски беше присутен на комисијата за мандатно-имунитетни прашања каде во 15 минутен говор образложи зошто не треба да му биде симнат пратеничкиот имунитет.

Судот бара симнување на пратеничкиот имунитет поради барањето за притвор, а покрај Вељаноски, во притвор е и екс министерот Спиро Ристовски, а во куќен притвор е Миле Јанакиески.