Претставникот од Движењето Беса, доктор Едмонд Весели во дебарниот магазин „EU Click“ на ТВ21 посочи дека нивото за заштита на лекарите е на ниско ниво
„Што се однесува до сите работници кои ги спомнавте, полицајците или медиумите, не поради тоа што ние сме лекари но навистина ние сме во првата линија на фронтот бидејќи кај нас доаѓаат болните. Што се однесува до заштитата на лекарите, веќе гледаме дека и наши колеги веќе се заразени вршејќи ја должноста и покажува дека нивото за заштита на лекарите е на ниско ниво. Да почнам од себе, јас сум радиолог и можеби имам пристап повеќе отколку двајцата колеги бидејќи мојата проблематика е поблиска со тие пациенти отколку од докторот офталмолог или уролог и реално ние немаме маски, замислете. Немаме маски, има мал број на маски што тоа не би требало воопшто да се разговара за еден лекар кој ја врши должноста, затоа ни се случува ова. Да не збориме за други нешта во текот на работното време. Навистина има недостатоци и затоа се случуваат ваквите контаминации. Ние сме обврзани да одиме таму, да чекаме пациентите. А медиумите и полицајците или војниците се поинакви во нивната задача. Не сака да ги потценам, тие имаат своја задача, но заштитата на лекарите не во незадоволително ниво“, истакна Весели.
