Министерот за транспорт, собораќај и инфраструктура во оставка Горан Весиќ, изјави дека одговорните за несреќата во Нови Сад во која загинаа 14 лица, треба да се бара во инвестотирите и проектантите.
Весиќ првично изјави дека настрешницата на железничката станица која падна и усмрти 14 лица, не била реконструирана при пуштањето во употреба на станицата во јули оваа година.
Весиќ наведува дека според Законот за планирање и градење, надлежните за издавање одобренија за градење не влегуваат во техничката спецификација, туку проверуваат дали се исполнети сите услови, односно дали е испочитуван законот.
„Тоа го направи министерството и од таа страна никој од моите претходници не можеше да се вклучи во проектирањето и изведувањето на работите, бидејќи тоа е работа на инвеститорот. За време на мојот мандат беше издаден само еден документ – финалниот проект за извршување на работите“, објаснува Весиќ во интервју за Јуроњуз.
Тој додаде дека доколку проектантот предвиди некои други ситуации на терен, треба да ги прекине работите и да го извести надзорот.
„Кога изведувачот, додека работи на терен, увиди дека ситуацијата е поинаква од онаа што е на проектот, треба да ги запре работите и да го извести надзорот, па да се направи дополнителен проект“, рече Весиќ.
Според неговите зборови, железничката станица ќе остане затворена и во следниот период, и дека се вршат проверки на сите објекти.
Весиќ во вторникот, четири дена после трагедијата, поднесе оставка од функцијата.
