Апсењето на дипломатот Миле Миленкоски во Србија е причината поради која министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе почне со ветинг на сите дипломати на РСМ, а мандатот на Миленкоски како заменик шеф на Мисијата на Македонија во ОБСЕ во Вена е замрзнат до расчистување на случајот.
Шефот на дипломатијата вели дека не знаел дека постои меѓународна потерница за Миленкоски, а во интерес на истрагата не даде никакви детали за делата на приведениот. Само потврди дека настанот се случило во 2018 година.
Медиумот кој го објави скандалот е весникот Коха, каде пишува дека постојат сомнежи дека пред 3 години Миленковски заедно со 2 други македонски дипломати организирале патување во Ереван – Ерменија, за да се евакуира висок ерменски функционер, осомничен во неговата земја за злоупотреба на неколку милиони.
„Мотивите на оваа акција не се познати, но сомнежите се дека истата е направена со знаење на високите безбедносни структури во Македонија. Имено, уапсениот Миле Миленкоски, заедно со уште двајца дипломати (С.С.) и (В.С.), за оваа спасувачка мисија на контроверзниот Ерменец, позајмиле приватен авион со кој патувале за Ерменија. Претходно, како покритие тие во забрзана постапка регистрираа невладино здружение за лица со посебни потреби, за учество на една конференција на оваа тема.“
Основајќи се во нивни извори, весникот Коха пишува дека ова мисија на дипломатите била успешна и контроверзниот Ерменец, кој меѓу другото е осомничен дека бил вмешан и во перење пари и присвојување на државен имот во неговата држава, со приватен авион е донесен на безбедно место. Според Коха, во ова шпионска операција на спасување било откриено од тогаш, но со брза дипломатска реакција и на безбедносните структури на вмешаните земји, случајот е прикриен, а сега неочекувано повторно се активира преку австриските власти кои пуштиле меѓународна потерница.
