„Мене ми е жал што Македонија изгуби 25 години на процес каде што можеше односите со Бугарија да ги направи многу понормални“, истакна поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Тој прашува дали Македонија во овие 30 години направила некаков обид за пријателство со Бугарија?
„Малку внимание да посветиме, државата прва не призна, кога имавме ембарга ни ги отвораше границите… Сметам дека ветото за историски прашања не е во ред од страна на Бугарија затоа што темата за која разговараме е евроатлантска интеграција. Подобро е да се посветиме на економија, размена на култура, тоа е многу подобар начин. Дефинитивно треба да направиме нешто на тој историски план“, вели Георгиевски.
