Ветувањата за етничка графа сѐ уште нереализирани – „Беса“ ги чека личните карти, ДУИ ги заборави изводите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поминаа речиси две години откако Движење Беса ги услови уставните измени со барањето за вметнување етничка графа за етничката припадност во личните карти, но истото се уште не е реализирано. Пратеникот од оваа партија, Кастриот Реџепи вели дека истото се интегрира во предлог –законот за личните карти, бидејќи на  претходниот предлог на Владата, пред парламентарните избори, нивното барање не беше опфатено во текстот. Реџепи очекува идната недела материјалот да влезе во собраниска постапка, а процесот да се финализира во јануари.

„Верувам во јануари, бидејќи декември веќе одминува, треба да го имаме предвид буџетот, има една седница за говор на Претседателот на државата, има најави дека ќе има иницијатива за интерпелација така што мислам дека технички ќе биде невозможно да влезе не само овој закон, бидејќи овој закон е дел од пакет со 5 закони, закон за државјанство, за патнички документи – лични карти, за живеење, итн, така што верувам дека тие ќе бидат во постапка некаде од јануари“, посочи Кастриот Реџепи.

И додека Беса го очекува јануари за да се исполни ова барање, ДУИ се чини ја тргна настрана идејата за етничка графа во изводот на родените. Артан Груби, некогашен пратеник а сега прв вицепремиер во влада, во декември 2019 рече дека работат на матичните книги за да се вметне и етничка графа.

„Сметам дека управата за матична евиденција веќе го помина деловникот за новата форма на сертификати во кои ќе се вметне и националноста и етничката припадност на начин да се надмине овој проблем; и се инсистираше од наша страна и сметам дека е станува збор за кратко време кога ќе влезе во употреба и новиот деловник и форма на сертификатите кој ќе ја содржи и етничката припадност на лицето“, вели Артан Груби.

Помина една година од оваа изјава а ништо конкретно во тој правец. Барем така остава простор да се толкува молчењето на Артан Груби и директорот на управата за матични книги, Бујар Дардишта. ТВ21 ги контактираше, но ниту еден од нив не одговори до каде е работата со етничката графа во изводот на родените. Целта на ова е да се избегнат лажни изјави за етничката припадност при вработување.