Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје.

Четири возила се судриле, а според информациите од терен повредени се неколку лица.

Полицијата во моментов врши увид на местото на несреќата, а сообраќајот е целосно во прекин и возилата се насочуваат по околните патишта.

Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден…
