По шест часа заврши распитот на поранешниот вицепремиер Артан Груби во Обвинителство.
Груби е спроведен во Кривичниот суд во Скопје, каде ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
Од Обвинителството засега нема официјална информација дали ќе се инсистира на ефективен притвор или ќе се предложи поблага мерка, имајќи предвид дека Груби сам се врати во државата и истрагата е веќе завршена.
