ВИДЕО: Авион се урна врз куќи во Буенос Аирес, загинаа пилотите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку две лица загинаа во приватен авион кој се урна во куќи близу аеродромот „Сан Фернарндо“ во аргентинскиот главен град Буенос Аирес.

Авионот веднаш по падот се запалил, при што загинаа двајцата пилоти, кои биле единствените во авионот.

Авионот „Челенџер 300“ полетал од Уругвај и требало да слета во Буенос Аирес. Авионот бил нов, и имал само 34 лета досега. Тој му бил втор лет за денеска, откако од истиот правец претходно заминал.

Според информациите, авионот најпрво слетал на пистата, но веројатно предалеку, со што не можел да закочи, па удрил во куќите веднаш до пистата.

Засега нема информации за евентуални жртви во куќите.