Сообраќајна несреќа се случила на патот Рашче-Сарај, при што автомобил излетал во реката Вардар, пренесува ТВ21.
Според неофицијални извори, во автомобилот имало 5 патници, меѓу кои и 5-годишно дете.
Се наведува дека детето е испратено во болница, додека останатите 4 се уште не се пронајдени.
„На 02.01.2025 година во 16:00 часот во СВР Скопје, пријавено е дека на локалниот пат за село Рашче, патнички автомобил излетал од патот и паднал во реката Вардар. Полициските службеници и Итната медицинска помош веднаш излегле на местото на настанот, додека екипа на „Тигар“ презема мерки за отстранување на автомобилот. На местото на настанот е и јавен обвинител“, велат од МВР.