ВИДЕО: Беснеат пожари во југоисточна Австралија, луѓето бегаат на плажите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Високи температури го погоди југоистокот на Австралија денес, каде беснеат големи пожари недалеку од градот Аделаида.

Голем број луѓе се засолнуваат на блиските плажи, а шест канадски авиони и пожарникарски екипи се борат против пожарот околу Аделаида, каде досега се уништени или оштетени две куќи.

„Има уште работа да се направи пред да го ставиме пожарот под контрола“, рече австралискиот премиер Скот Морисон.

Добро е што немаше ветер што беше најавен, рече заменик-началникот на противпожарната служба на Јужна Австралија, Ивет Даулинг.