ВИДЕО: Болничар од Центар Жупа дежурен 24 часа, – за ТВ21 вели: „Останете дома, ние се грижиме за вас“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Болничарот Рамазан Бајрами работи 24 часа во болницата во Центар Жупа. Тој вели дека во моментов нема ниту еден пациент на клиниката со симптоми на вирусот, но сепак додава дека 12 лица се во домашна изолација.

„Ангажиран сум, ќе се трудам до крај за пациентите од Центар Жупа. Последниве две недели нема пациенти, нема како на почетокот кога имаше многу пациенти, сега е намален бројот“, вели Рамазан Бајрами.

Болничарот вели дека е намален обемот на работа во болницата. Доаѓаат само лица на кои им е неопходна лекарска помош.

„Во болницата во Центар Жупа намалена е работата. Во 24 часа  може да имаме само 2 пациенти. Раздвиженост нема“, додава Бајрами.

Инаку во моментов на клиниката во Центар Жупа има 4 медицински сестри и 6 матични лекари. Нема инфектолог, ниту епидемиолог.

„Во моментов нема пациенти, се е во ред, се почитуваат сите законски мерки. И надвор нема многу луѓе, односно нема раздвиженост“, додава Бајрами.

Рамазан упати апел до сите граѓани да останат дома бидејќи медицинскиот персонал се грижи за нив.

„Ги молам сите граѓани на Центар Жупа да останат дома, ние работиме за нив“, порачува Бајрами.