Пациент од болницата во Битола преку видео снимка објаснува какви се условите во одделението кое се наоѓа веднаш до ковид центарот на болницата.
Имено, тој детално ги објаснува деловите, а посебно се задржува на тоалетите каде што како што вели тој во еден од нив има поставено и чадор со цел да не капат фекалии врз главите на пациентите додека извршуваат нужда, а вели дека и светлото било поставено од нив, односно од пациентите.
Пациентот кој го снимил видеото вели дека се работи за дел од болницата кадешто болничките услови се сметаат за подобри и за ова треба да биде запознаена целата јавност.
Денеска на социјалната мрежа Фејсбук се појавија и фотографии како лица примаат инфузија додека до нив се наоѓаат мртви тела. По ова веднаш реагираше министерсот за здравство, Венко Филипче кој нареди да се изврши вонредна контрола во болницата.