Вечерва продолжува протестот против францускиот предлог пред Владата на Македонија, каде се случи и мал инцидент.
Имено, собраните граѓани им дофрлуваа на полицајците кои се пред Владата во кордон околу тоа кого штитат и зошто не им се придружуваат на другата страна, а потоа фрлија и неколку петарди кон нив.
Инаку, граѓаните бараат да не се потпише овој предлог затоа што, како што велат, е штетен за националните интереси, а се бараат и предвремени парламентарни избори.
