Од видеото кое пристигна до ТВ21 може да се забележи дека десетици автобуси подготвени ги чекаат македонските државјани, кои треба да пристигнат со авион од Берлин, за да ги пренесат во задолжителен државен карантин.
Тие во следните 14 дена ќе бидат сместени во хотелот „Цар Самоил“ во Струмица
Имено, македонските граѓани сместени во државни карантини ги користат капацитетите на објекти/хотели кои се пријавиле на јавниот повик на Владата.
Станува збор за обезбеден капацитет од 2104 легла во моментов во целата држава, во 19 сместувачки објекти, а од нив пополнети до сега се околу 1.200 легла.
