Четири часа по пукањето. Екипата на ТВ21 ви пишува од село Батини, општина Студентичани. Ова треба да го знаете до овој момент:
„Форд Џип“ со италијански означи управувано од 34-годишниот А.Б.И и сопатник неговиот брат 32 годишниот З.И и двајцата жители на село Црн Врв додека се возеле биле пресретнати од друго возило „Мерцедес“ со германски национални таблички во кое имало две лица.

Според информации на ТВ21, на двете лица во возилото „Мерцедес“ лицата им биле покриени со маски. Во рацете имале огнено автоматско оружје по што отвориле оган кон џипот „Форд“.
Од нанесените повреди на лице место починл А.И, а неговиот брат кој бил сопатник З.И со возило на брза помош е префрлен на скопските Клиники. Тој имал повреди во десното рамо.

Утрово на лице место затекнавме траги од крв и чаури од автоматско оружје. Во тек се уште е увидот, а се извршува и разговор со очевидци. Еден од мештаните вели дека бил директен сведок на настанот, сподели и други детали кои нема да ги соопшти во моментов поради истрагата која е во тек.

Засега непознатите лица од Мерцедесот се во бегство. По нив се трага од специјални единици меѓу кои и хеликоптерската единица на МВР. Според наши извори, лицата се упатиле кон селото Драчевица.
Во 2020 година пукање меѓу повратник од Италија имаше во чајџилница во село Црн Врв. Тогаш, едно лице беше убиено, а три тешко повредени. Група од неколкумина од село Батинци, предводена од повратник од Италија кој од поодамна и беше познат на полицијата нападна друга група која седела во чајџилницата. Засега нема информации дали овие два настани се повразни.
