ТВ21 од денеска 15-ти септември, почнува со новата телевизиска сезона.
Во ново, модерно студио, со нови графички елементи, шест камери, кран, современ лед ѕид и заедно со вашите добро познати домаќини во кои имате доверба, започнуваме нова програмска сезона.
Вечерва, прв гостин во нашето студио е лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.
На 21-ви септември, ТВ21 како дел од 21 МЕДИА, слави ШЕСТ години постоење и работа во Македонија.
Нови содржини, нови емисии, „стари“ и добро познати ТВ лица ќе бидат со вас и во текот на оваа сезона.
Бидете со нас!
