Почнува првиот уписен рок на УКИМ, на 23 факултети слободни 8.851 места

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во вторник и среда, 18 и 19 август, е првиот рок за пријавување за студии на УКИМ. На 23 факултети има вкупно 8.851 слободно место за академската 2026/2027 година. Од нив, 4.395 се во државна квота, 3.621 за кофинансирање и 835 за вонредни студенти.

Најмногу места има на Медицинскиот факултет, ФИНКИ, Филолошкиот, Економскиот и Филозофскиот факултет.

Кандидатите најпрво треба да се регистрираат на upisi.ukim.mk и да ја пополнат електронската пријава. Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 27 август, а уписот на примените кандидати е на 3 и 4 септември.