ВИДЕО Страшни сцени од земјотресот во Италија: Човек го извлекоа од рушевини, жителите на Неапол ноќта ја минаа на отворено

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италијанскиот град Неапол ноќеска го погоди силен земјотрес со јачина од 4,4 степени, кој предизвика материјална штета, а многумина од жителите ноќта ја минаа на улица или во автомобилите.

Беа оштетени згради, а потресите продолжија и во текот на ноќта.

На ова подрачје кое е и вулканско, често се случуваат земјотреси.

Бројни жители на Неапол и околината цела ноќ ја минаа на улиците и во своите автомобили по силниот и многу долг земјотрес што синоќа околу 1 часот и 25 минути го разбуди градот.

На земјотресот со јачина од 4,4 степени му претходела силна експлозија, а епицентарот бил на длабочина од само 3 километри во Пузоли.

Делови од Неапол останаа без струја, а еден маж е спасен од делумно урната куќа во близина на епицентарот.

„Кориере дела сера“ пишува дека интензитетот на земјотресот бил сличен на оној што ја погоди областа во мај минатата година.