Два автомобили завршиле во езеро, додека по третиот се трага по големиот одрон кој се случи во Мостар (БИХ). Одронот се случил вчера во каменоломот во близина на Мостар.
Репортерот на „Блјесак“ од лице место јавува дека најмалку два автомобили завршиле во езерото, додека по уште еден се трага.
Исто така како што јавува избегната е трагедија „за влакно“ затоа што само неколку минути пред одронот, биле на локацијата која е затрупана од одронот.
Исто така МВР на БИХ соопшти дека две лица се полесно повредени, кои биле во чамец во миговите кога се случил одронот.
