ВИДЕО: Голем пожар кај Струмица, испратени пожарникари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Попладнево кај Струмица избувнал голем пожар. Поточно во реонот меѓу Софилари, Градски гробишта, Баница.

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов со реакцијата на социјалните мрежи ја потрвди оваа информација и соопштио дека сите капацитети на ТППЕ Струмица се на терен. Тој апелира инспекторатот за земјоделство да соработува и да излезе веднаш на терен.

Стојанче Ангелов – директор на ЦУК за ТВ Сител изјави дека пожарот кај Струмица опфаќа реон меѓу Ангелци – Водоча – Струмица и се шири кон Василево. Испратени се пожарникари од Валандово, Радовиш и Богданци. Хеликоптер вечерва не може да се активира, ако има потреба утре рано од сабајле.

Ангелов потенцира дека пожарот е настанат од стрниште, последниот период гори трска и останата вегетација, дува силен ветер кој го отежнува или оневозможува гаснењето на пожарот. На терен се и екипите на ТППЕ Струмица, Радовиш, Валандово и Богданци.