ВИДЕО: Гужва во поликлиниката Чаир – Граѓаните се жалат: Чекаме еден час, докторите се на пауза

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска во поликлиниката Чаир се создаде голема гужва, информира репортерот на ТВ21.

Нервозните граѓани, дојдени за вакцинација против коронавирусот, велат дека чекаат веќе еден час бидејќи докторите се на пауза.

Докторите пак велат дека во моментов се соочуваат со проблем бидејќи паднал системот.