ВИДЕО: Гужва за вакцинација во Поликлиниката Чаир

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Долги редици за вакцинација против коронавирусот во Поликлиниката Чаир, јавува репортерот на ТВ21 од терен.

Министерството за здравство денеска информираше дека надминати се еден милион аплицирани дози.

„Во државата вкупно се аплицирани 1.016.700 дози вакцини, а ревакцинирани се 454.788 граѓани. Интересот за вакцинација од пред два дена е значитечно зголемен“, додаваат од таму.

Инаку, од вчера се отворени и дополнителни четири пункта за имунизација против ковид-19.

Тие се Поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров.