Пет лица се пренесени во болница по страшната сообраќајна несреќа во која учествуваа пет полициски возила на А1 во близина на Њукасл, Англија.
Во сообраќајката учествувале црно БМВ заедно со уште пет полициски возила, од кои едно неозначено, кои од силината на судирот се распрснале по целата ширина на раскрсницата. Еден автомобил заврши на негова страна. Сцената е ужасна, а автомобилите се целосно уништени.
Делницата меѓу Свалвел и Дентон е целосно затворена за сообраќај. Се создадоа огромни сообраќајни редици.
На лице место се сите служби за итна помош, а во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата.
