ВИДЕО: Македонија на 8 место и пред САД по бројот на починати, Филипче го коментира ова во Click Plus на ТВ21

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нашата држава во светот се наоѓа на 8-мо место споре бројот на починати лица од коронавирус на еден милион жители. Синоќа во дебатнито магазин „Click Plus“ на ТВ21 токму за ова коментар побаравме од првиот човек министерот за здравствено Венко Филипче.

„Се зголеми бројот на смртни случаи не само кај нас, туку и секаде, еве и кај соседите. Имаме специфичен пристап кој не го сменивме од почетокот. Се земаат брисеви и пост мортем. Зошто? Затоа што сакаме да ги заштитиме најблиските. Ние можеме фиктивно да го намалиме, ќе престанеме да тестираме пост мортем. Нема да биде вистински и чесен пристап, не само кон пациентите, туку и кон семејствата. Се пријавуваат сите кои имаат сарс-ков вирус, според препораките на СЗО. Без разлика дали имаат такви тешки коморбидитети кои може да бидат вистинската причина на смртта. Затоа е таков став, со цел да ги заштитиме сите членови на семејството.

Министерот за здравство, Венко Филипче синоќа беше гостин во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Претходно д-р Дејан Докиќ коментираше за коморбитетите на пациентите. Тој истакна дека вирусот е подмолен, па може и пациенти со коморбитети да се извлечат, а може некои без коморбитети да не успеат да го победат.

„Секој кој доаѓа до болница, треба да се смета како ризичен, затоа што во принцип имаат ниска ситурација на крв“, објаснува Докиќ.

„Сите кои доаѓаат може да ги групираме во една категоризација, кои имаат многу ниска сатурација, и тие мора веднаш да се стават на кислород. И тие имаат проблеми со респираторниот систем. Другите имаат проблеми со коагулација. Доаѓа до оштетување на капиларите, пред се на белите дробови, потоа во срцето, некои дури може да имаат и мозочен удар“, рече Докиќ.

д-р Докиќ синоќа беше гостин во студиото на ТВ21 во дебатнито магазин „Click Plus“