ВИДЕО: Мечка се најде на скијачка патека и започна да брка скијач во Романија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Љубителите на зимските спортови ги искористија последните денови од јануари за да уживаат во снегот, а десетици илјади од нив заминаа во ски центрите во нашиот регион.

Сепак, едно спуштање речиси трагично заврши за еден скијач во Романија, откако мечка го бркаше додека беше на патеката.

Еден од скијачите сними необичен настан од жичарницата во Предеал, познат романски ски-центар.

На видеото може да се види како мечка трча по патеката и се обидува да фати еден млад човек кој се симнува по истата.

Момчето во паника ја зголемило брзината, а луѓето што биле на жичарницата со извици и свирежи се обиделе да и го свртат вниманието на мечката. Сепак, таа не сакала да се откаже од својот плен.

За среќа, загрозеното момче во последен момент успеало да се спаси откако се сетил дека има ранец на грб и успеал да го фрли за да ја забави мечката донекаде.

Ова успеало да ја збуни мечката, која на крајот застанала покрај ранецот и започнала да ја кине, веројатно во потрага по храна.