Последната дебата меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден се одржа во Нешвил пред американските претседателски избори закажани за 3 ноември, а двајцата кандидати беа придружувани од сопругите Меланија Трамп и Џил Бајден.
Иако сегашната прва дама на САД ги откажа сите активности поради кашлица предизвикана од вирусот корона, таа се појави на претседателската дебата.
Она што на многумина им падна во очи е дека првата дама носеше маска, а целиот тим на претседателот Трамп, вклучително и неговите ќерки Иванка и Тифани, носеа маски на лицата.
Исто така, детаљ што многумина го пропуштија беше дека Меланија и Доналд конечно се држеа за рака во еден момент, но корисниците на Твитер го забележаа и моментот кога претседателот едноставно ја оддели раката од неговата сопруга.
Да потсетиме, ова беше последната дебата на двајцата кандидати, а републиканецот и демократот разговараа за низа прашања.
ЧИТАЈ ИСТО ТАКА:
- Дебата Трамп-Бајден: Несогласувања околу пандемијата, корупција, даноци, расни прашања
- Трамп на дебата со Бајден: „Се спријателив со Ким“
Жестоката дебата се однесуваше на епидемијата на вирусот корона, расизмот, односите со Кина, Русија и Северна Кореја.
