ВИДЕО: Метеор експлодираше над Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Над Хрватска денеска претпладне, метеор експлодираше при влез во Земјината атмосфера. Зад него остави димна трага и делови распрскани ширум земјата.

Таа глетка ги вознемири граѓаните, оти според Дамир Хржина, претставник на загрепската опсерваторија Ѕвездарница, татнежот се почувствувал на доста голема површина.

Iznad Hrvatske izgorio meteor

Iznad Hrvatske izgorio je meteor, pogledajte snimku pada.

Gepostet von Index.hr am Freitag, 28. Februar 2020

„Неколку луѓе ни се јавија дека го чуле ударот. Навистина, и мене ми се јави сопругата – го виде метеорот и токму при нашиот разговор, се слушна силен звук“, раскажува Хржина.

Тој ги контактирал колегите од Хрватската метеорска мрежа која ги проверува податоците и можеби ќе почнат потрага по остатоците од вселенското тело“

Властите засега немаат никакви дојави за каква било штета или повредени поради експлозијата на метеорот.