ВИДЕО Несреќа во Франција: Хеликоптер за гасење пожари се урна додека се обидуваше да наполни вода

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хеликоптер за гаснење пожар се урна во езеро во близина на градот Роспорден во регионот Бретања во западниот дел на Франција, додека се обидувал да го наполни со вода за гаснење пожар, а во инцидентот нема жртви, објави денес телевизијата BFM.

Оваа година, хеликоптерот „Моран 29“ интервенираше 33 пати при гаснење пожари и изврши 154 слетувања, особено за гаснење шумски пожари.

Снимките од очевидци, направени во недела попладне, го прикажуваат хеликоптерот како се приближува кон водата за да ја наполни флексибилната кофа поставена под леталото за собирање вода, и во еден миг неговиот труп и опашка удираат во водата на езерото, забрзувајќи го неговиот пад.

ВНИМАНИЕ: ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО