ВИДЕО: Огромен пожар во станбена зграда во Кина, најмалку 12 загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 12 лица загинаа во пожар во станбена зграда во јужниот кинески град Шантоу, објави државната новинска агенција Ксинхуа.

Пожарот избувнал вчера во 21:20 часот по локално време во четирикатна зграда, и бил изгаснат 40 минути подоцна.

Истрагата за пожарот е во тек. Овој инцидент се случува во време кога бројот на жртви во најсмртоносниот пожар во Хонг Конг во последните децении се искачи на 160 лица во вторникот.