Со свирежи во салата и транспарент „Кацарска извршител на мафијата“, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска, во рамки на 20. собраниска седница, изразија револт против предлогот Добрила Кацарска да биде избрана за уставен судија.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери свирењето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го нарече инвентивно и го квалификува како напредок од „времето на тенџерињата“.
„Ова е демократија. Зошто ме дискриминирате, дајте ми барем и мене свирче“, истакна Џафери.
