Бујар Османи од Европскиот фронт денеска посочи дека две мнозинства се неопходни за стабилна Влада и стабилен Парламент.
Според него, тоа се услови според Охридскиот договор, без кои не може да се формира влада.
„Никогаш наша цел не била да бидеме посакуван партнер на ВМРО и СДСМ, туку посакуван претставник на граѓаните. Охридскиот рамковен договор доведе до потреба за две мнозинства, 61 како апсолутно мнозинство и мнозинство по Бадентер, двете мнозинства се неопходни за стабилни Влада и Парламент“, порача Османи.
