ВИДЕО: По 120 години конечно отворена кутија во која се криело изненадување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Австралиските конзерватори открија чоколадо во лимена кутија што им била давана на војниците за време на Бурската војна.

Речиси 120 години подоцна, чоколадото беше скоро недопрено на општо изненадување на експертите.

„Почувствувавме интересен мирис додека ја отворавме кутијата. Тогаш сфативме дека е завиткано чоколадо и ставено во кутија“, изјави Џенифер Тод за ABC.

Чоколадите и лимените кутии ги нарачала кралицата Викторија за војниците кои војувале во Бурската војна да им бидат испратени на бојното поле. На секој од нив беа втиснати зборовите „Јужна Африка 1900 година. Ви посакувам среќна Нова година, Викторија Р.И.“.

Производителот на чоколадо „Кедбери“ добил нарачка за производство на околу 35 тони чоколадо за војниците, што кралицата го платила директно.