ВИДЕО: Полиција го спроведе Мијалков од куќен притвор во Кривичен за да ја слушне пресудата за прислушувањето

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со полициска придружба од домашен притвор во Основниот кривичен суд Скопје пристигна обвинетиот Сашо Мијалков за да ја слушне пресуда за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.