ВИДЕО: Поставени и пунктовите за чекање на Инфективна – еве како утре ќе започне имунизацијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во близина на модуларната болница поставени се и шатори во кои ќе се чека ред за вакцинација. Утре во 10 часот наутро официјално ќе почне вакцинирањето против коронавирусот.

Вакцинацијата ќе се спроведе во 6 вакцинални позиции каде ќе се вакцинираат лекари и медицински сестри, а модуларната болница ќе работи во смени од 8 до 20 часот.

Први ќе се вакцинираат двајца здравствени работници од инфективната клиника, а од Министерството за здравство посочуваат дека за првиот ден предвидено е вакцинирање на 260 лица вработени во ковид-центрите.

Вакцинацијата во Македонија започнува со вакцините на „Фајзер“, кои во земјава пристигнаа во неделата од соседна Србија.