Закупците на тезги на Кванташки пазар во Скопје, утринава од 6 до 9 часот, протестираа пред влезот на пазарот.

Протестот, како што велат, е поради незаконското и своеволно однесување на раководството.

Тие наведуваат дека на самиот пазар не постојат основни елементарни услови за работа, како за закупците, така и за индивидуалните земјоделци – производители и купувачите.
