Нови детали се дознаваат во врска со пукањето во Арачиново. Мета бил градоначалникот, ова го потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за државната агенција.
„Цел на денешниот вооружен напад во Харачина беше градоначалникот на општина Харачина, Ридван Ибраими. Во размената на огнот е повреден синот на неговиот возач, кој во моментов е на операција во клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“. Во меѓувреме, 39-годишниот Е.С., ранет во градниот кош, се наоѓа на лекување во болницата „Свети Науми и Охрид“ во Скопје“
изјави МВР Панче Тошковски.
Според првичните инфромации, градоначалникот бил на увид во поплочување на тротоар и во тие моменти се случил нападот.
Со потешки повреди се здобиле две лица. Едното е во градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во центарот на Скопје, а другиот поради сериозноста на повредите е префлен на скопските клиники.
„Е.С 39 годишен е донесен во Свети Наум Охридски во Скопје со рана на десниот граден кош“, велат од болницата за ТВ21.
За случајот се уште нема официјално соопштение од МВР.
ТВ21 објави и први снимки од местото на инцидентот. Сите влезови и излези се блокирани, а општината ја надлетува полициски хеликоптер. Се трага по автомобилите и лицата кои пукале во движење.
