ВИДЕО: Расте бројот на мртви во училиштето во Грац: Најмалку 10 загинати, снимен моментот на пукањето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на жртви во пукотницата во средното училиште во Грац расте. Според најновите информации, убиени се најмалку 10 лица, додека четири лица се во критична состојба. Се сомнева дека масакрот го извршил поранешен ученик. Најмалку 28 лица се повредени.

Пукањето се случило во училиштето БОРГ на улицата Дрејершуценгасе.

Министерството за внатрешни работи потврди само дека има неколку мртви и тешко повредени, додека австриските медиуми јавуваат дека меѓу жртвите има ученици и наставници од училиштето.

На местото на настанот пристигнале и специјалните единици „Кобра“.

Според првите неофицијални информации, масакрот го сторил поранешен ученик во училиштето, кој се сметал себе за „жртва“. Исто така неофицијални информации говорат дека сторителот е мртов.

Градоначалникот на Грац, потврди официјално дека се загинати девет лица.