ВИДЕО: Репортерка ограбена за време на директниот пренос на отворањето на Светското првенство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Аргентинската новинарка Доминик Мецгер била ограбена додека известувала во живо од Катар пред отворањето на Светското првенство.

Мецгер во живо известувала од местото на настанот во Доха, а непознат сторител и ја украл чантата во која имала пари и документи. Новинарката подоцна отишла во полиција и рекла дека ситуацијата таму само ѝ станала збунувачка.

„Отидов во локалната полициска станица и таму почнаа културните разлики. Полицајката ме праша: „Ние имаме камери насекаде и ќе го најдеме крадецот со помош на идентификација на лицето, а што точно сакате да правиме со него ?“, го раскажа новинарката своето искуство од полицијата.

Потоа рекла дека ја прашале што сака да прават со крадецот.

„Полицајката тогаш ме праша: „Како сакаш да ја спроведуваме правдата? Колкава казна сакаш да му изречеме? Сакаш ли да му дадеме пет години затвор? Да го депортираме“?

И реков дека Само си ги сакам работите назад“, рекла новинарката, но засега не се знае дали и се вратени.