ВИДЕО: Се урна товарен авион во САД, најмалку 7 загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Товарен авион на УПС се урна и се запали кратко по полетувањето во вторник од меѓународниот аеродром Луисвил во Кентаки, при што загинаа најмалку седум лица, вклучувајќи ги сите три членови на екипажот во авионот, а 11 други беа повредени на земја.

Летот 2976 кој леташе за Хаваи, се урна околу 17:15 часо по локално време, соопшти Федералната администрација за воздухопловство.

Во авионот имало тројца членови на екипажот, според UPS, чие воздухопловно одделение има седиште во Луисвил.

„Вестите од Луисвил вечерва се тешки, бројот на жртви достигна седум, а тој број веројатно ќе се зголеми“, напиша гувернерот Енди Бешир на „Икс“.

Авионот со три мотори бил полн со гориво за 8,5 часа лет до Хонолулу. Се очекува истражители од Националниот одбор за безбедност во сообраќајот на САД (NTSB) да пристигнат на местото на настанот во среда, а едно од клучните прашања што истражителите ќе ги истражат е дали моторот се одвоил пред несреќата, изјави лице запознаено со прашањето