ВИДЕО: Се воспоставува контрола на пожарот под Грбовец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Центарот за управување со кризи објави дека се воспоставува контрола на пожарот под Грбовец, кај месноста „Чичови колиби“ со контра пожар.

Од таму велат дека силите на Македонија и Словенија работат на затворање и локализирање на огнот, со сите расположливи сили и тактика на подготвена линија на пресекување.

На терен е и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.