ВИДЕО Силен земјотрес го погоди Тајван – паѓаа делови од згради, се сруши планина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван  во среда околу 19 часот по локално време.

Епицентарот се наоѓал на 67 километри од градот Хуалиен, на источниот брег на островот, а длабочината била 31 километар.

На социјалната мрежа X беше објавено видео на кое се гледаат свлечишта на планината и градежни материјали што паѓаат од зграда.

Граѓаните кои го почувствувале земјотресот пријавиле преку апликацијата EMSC. Многу од нив добиле предупредување 30 секунди пред земјата да се затресе, што им овозможило да се засолнат.

„Се тресеше долго време, околу 20 секунди“, „Се тресеше многу, но не беше страшно“, „Се тресеше многу долго време, но успеав да излезам оттаму на време поради предупредувањето“, се само дел од коментарите.