ВИДЕО: Со комбе влетал во пазар во Лос Анџелес, неколку повредени меѓу кои и деца

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во центарот на Лос Анџелес, возач на комбе влетал со своето возило во пазар каде имало пешаци. Повредени се девет лица, меѓу кои и три деца.

„Тајмс“ пишува дека инцидентот се случил вчера попладне по локално време на Санта Ели, популарен пазар на големо на отворено каде што луѓето пазареле, шетале, а некои од нив седеле во ресторан кога возилото влетало во него.

Седум повредени се веднаш хоспитализирани, меѓу кои три деца, додека две лица одбиле лекарска помош.

Сите повредени се пешаци, а не се знае дали е повреден возачот или некој од комбето.

Поради инцидентот полицијата привремено го блокирала пристапот до тој дел од градот и го пренасочувала сообраќајот. Причината за несреќата не е позната.