ВИДЕО Тензично на улиците на Нови Сад: Полицијата употреби солзавец!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градското собрание во Нови Сад е нападнато за време на протестот кој се одржува поради несреќата што се случи на Железничката станица кога падна настрешницата и загинаа 14 лица.

Во Собранието внатре е Жандармеријата, која изгледа ги опколи демонстрантите од сите страни.

Организаторите во еден момент повикаа на смирување на тензиите, што не им се допадна на демонстрантите, особено информацијата дека протестот ќе продолжи утре во Белград.

Полицијата фрли солзавец! Ситуацијата станува многу деликатна на улиците на Нови Сад.