Најмалку едно лице загина во судар на камион и автомобил во тунелот Салаковац во близина на Мостар, БИХ.
Сообраќајната несреќа се случила утрово, а медиумите пренесуваат дека се судриле два автомобили и камион, по што камионот се запалил.
На терен веднаш се упатиле противпожарни возила, како и возила на итната медицинска помош.
