ВИДЕО: Тина Русева ја освои европската музичка сцена со првото место на „The Voice of Europe 2025“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Младата струмичанка Тина Русева повторно ја воодушеви музичката публика и жири-комисијата, овојпат на престижното натпреварување „The Voice of Europe 2025“, каде што го освои првото место.

Тина ги импресионираше сите со својот моќен вокал и извонреден сценски настап, оставајќи силен впечаток кај жирито и публиката.

Откако кон крајот на минатата година се истакна на „The Voice of Germany“, Тина успеа да се квалификува за финалето на „The Voice of Europe“ и да ја обезбеди највисоката позиција на натпреварот.

Онлајн натпреварот на кој учествуваше се базираше на гласовите на публиката, а Тина успеа да добие повеќе од 40.000 гласови во рок од 24 часа, потврдувајќи ја големата поддршка од своите фанови и следбеници.