ВИДЕО: ТВ21 известува од аеродром во САД, поради „Мајкрософт“ сè уште одложени летови и заглавени патници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Патници повеќе од 24 часа спијат на земја и се заглавени на аеродромите низ САД поради грешката која вчера ја направи гигантот Мајкрософот.

Голем број на авио компании ги одложија своите летови оти не работат системите за чекирање на багажот. Според Фалјт радар, вчера и денеска преполовен е авио сообраќајот во Америка.

Екипа на ТВ21 се наоѓа на аеродромот О’ Хара во Чикаго и може да забележите голем број на патници кои се заглавени, а летовите одложени. На екраните се уште стои пораката по неуспешното ажурирање на оперативниот систем.

Интересни се и алтернативите кои се користат за чекирање на патниците, проверка на пасошите и багажите. Бидејќи голем број од системите на аеродромите работат на оперативен систем Виндовс, тие сега се недостапни, па целата процедура продолжува рачно.

На пример, авио компаниите, на обичен лист хартија го пишуваат вашето име и презиме, број на пасош, како и портата на која треба да се упатите за качување во авионот. Листот е заверен со печат од компанијата.

Проверката на пасошите во моментов исто така се одвива „рачно“. Службеникот го проверува вашиот пасош и споредува дали се совпаѓа со претходно издадената карта.

До моментов нема најави кога ќе се нормализира авио-сообраќајот во САД која беше најпогодена поради падот на Мајкрософт.

Според веб-страницата за следење FlightAware, повеќе од 2.300 летови во, надвор или во САД се откажани, а повеќе од 6.000 одложени, од саботата попладне.